7,7 степени по Рихтер – катастрофален земјотрес го погоди Мјанмар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Два разорни земјотреси го погодија утринава Мјанмар. Првиот земјотрест бил со 7,7 степени по Рихтер, регистриран 33 километри југозападно од Мандалеј, на длабочина од 10 километри.

После 12 минути е регистриран втор потрес, 6,7 степени по Рихтер. Тој бил на длабочина од 35 километри, 45 километри југозападно од Манделеј, втор град по големина во Мјанмар.

Граѓаните кажуваат дека земјотресите траеле многу долго. Некои тврдат дека земјотресот траел дури две минути. Бил почувствуван и во Тајланд, во главниот град Банког.