7 лица ја изгубија битката со коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2705 тестирања, а регистрирани се 416 нови случаи на ковид-19.

Пријавени се вкупно 7 починати лица:

  • Три пациенти од Скопје (61г, 66г, 86г)
  • Два пациенти од Струга (53г и 73г)
  • Еден пациент од Охрид (69г)
  • Еден пациент од Кавадарци (84г)

Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.152, бројката на оздравени пациенти е 87.122, на починати е 2.966, а бројот на активни случаи изнесува 6.064.