Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Инситутот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.540 тестирања, а регистрирани се 407 нови случаи на ковид-19.
Починати се 7 лица:
- Два пациенти од Скопје (61 и 91г)
- Два пациенти од Струмица (63 и 73г)
- Еден пациент од Тетово (76г)
- Еден пациент од Штип (59г)
- Еден пациент од Кочани (68г).
Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 93.160, бројката на оздравени пациенти е 82.520, на починати е 2.873, а бројот на активни случаи изнесува 7.767.
