740.000 луѓе на денешните протести во Франција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На денешниот десетти протест против пензиската реформа ширум Франција учествуваа 740.000 луѓе, а во Париз 93.000, соопшти полицијата.

Синдикатот ЦГТ соопшти дека денеска во Париз имало 450.000 демонстранти, а повеќе од два милиона во цела Франција.

Ова е помалку од протестот на 23 март, кога според полицијата низ земјава протестирале 1,08 милиони луѓе, а според синдикатот дури 3,5 милиони. Само тој ден во Париз, според полицијата, имало 119.000 демонстранти, а според синдикатот имало 800.000.Како што наведуваат странските агенции, протестите се во многу тензична атмосфера, во време на стагнација на дијалогот меѓу власта и синдикатите, а насилство имаше и попладнево во Париз.