830 илјади евра за Желино?! Ќе се искористат за булеварот и патот Тетово-Палатица

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Општина Желино би требала да добие 830 илјади евра од првата фаза од владината помош за општините. Средствата ќе се искористат за завршување на булеварот и патот Тетово-Палатица.

-Значи завршување на булеварот, ќе се заврши булеварот што ми е приоритет бидејќи проектот е веќе почнат, патот Тетово-Палатица, и овој пат е важен и мислам дека е еден од најважните проекти а со другите проекти ќе продолжиме од февруари, го чекаме месец февруари за да аплицираме со другите проекти, изјави Блерим Сејдиу, градоначалник на општина Желино.

Првичната пресметка за булеварот беше 1.7 милиони евра, но Сејдиу ели дека износот може да биде и понизок, околу 1.3 или 1.4 милиони евра.
Друго прашање кое е многу важно за Желино е и водата за пиење. Сејдиу рече дека има план и за тоа а дека се потребни 3.5 милиони евра за да се обезбеди вода за целата општина.

ТВ21: Целокупно колку евра би чинела целата мрежа за водоводот?
Сејдиу: За водовод 3.5 милиони евра.
ТВ21: Цело Желино би имало вода?
Сејдиу: За да имаат 90% од селата вода, бидејќи има планински места за кои е потребен поинаков концепт за водовод, не можеме со оваа мрежа да го покриеме тој дел.

Што се однесува до канализацијата, според Сејдиу, би чинела 2.8 милиони евра а пречистителната станица на отпадните води 3 милиони. Се пофали дека подготвил 20 проекти за кои се потребни финансиски средства за да се реализираат, а се надева на помош од новата влада и други извори на финансии.