85-годишен битолчанец излечен од коронавирус, ниту еден пациент кој бил на респиратор не го победил вирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

85 годишен штитеник од Домот за стари лица во Битола е највозрасниот пациент кој го победи коронавирусот во Македонија. Битолчанецот по 20 дена лекување, целосно закрепнал и со два негативни тестови вчера бил испратен на домашна нега. До денеска ниту едно лице не е излекувано кое претходно било поставено на респиратона машина.

„Не, нема излекуван пациент на респираторна машина. Има повеќе пациенти кои подолг временски период, па сега се планира да се промени начинот на лекување кај лицата кај кои има знаци за закрепнување.“, рече Филипче.

По реакциите во јавноста за различноста на резултатите кои се добиваат на тестирање во приватна и државна лабораторија, министерот посочува дека тестовите се одобрени од Светската здравствена организација, а резултатот на тестот може да зависи и од периодот кога се прави тестирањето.

„Формирана е комисија од Министерството за здравство каде што учествуваат членови на Комисијата за заразни болести направен е стручен увид во апсолутно сите лаборатории приватни од каде што ние ги евидентираме резултатите, тоа е и причина зошто ние ги кажуваметие резлатати. Има мислење дека тие резултати се компетентни и на соодветен начин ги прават“, рече Филипче.

Во општина Дебар пак која повеќе од еден месец беше целосно затворена, веќе деветти ден дена новодијагностицирани случаи со Ковид-19 и бројката останува на 51 лице.

Од Министерството за здравство информираат дека регистрирани се 36 оздравени пациенти. Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 34 кои се лекуваа во домашни услови.

На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 80 години од Скопје, лекуван на клиниката од 21 април. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1326.