90-годишната баба пешачела 10 километри по снег за да се вакцинира

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Непоколеблива деведесетгодишна Американка му пркосела на студот и пешачела десет километри по снегот за да се вакцинира против ковид-19 во Сиетл, објавија локалните медиуми.

Фран Голдман не успеала да нарача да ја прими првата доза на вакцината, а кога и се укажала можност да скокне, таа не се двоумела и покрај бурата храбро тргнала кон својата цел, објави Сиетл тајмс.

Дебел слој снег го покри градот и го оневозможи возењето автомобил, па г-ѓа Голдман ги облече чизмите, посегна по стапчињата и помина вкупно десетина милји, пет до клиниката и пет до нејзиниот дом.

„Не беше лесно, тоа беше предизвик“, призна Голдман за весникот, откривајќи дека минатата година била подложена на операција за замена на колк.

„Одев прилично бавно“, рече таа во емисијата Today во средата.

Фран Голдман доцнела околу пет минути на состанокот.

„Таа е навистина прекрасна, нејзиниот менталитет е таков што не дозволува никакви потешкотии да ја запрат во потрагите“, коментира нејзината ќерка Рут Голдман за Сиетл Тајмс.