90% од занаетите изумираат, заминуваат во историјата – Мичо, последниот производител на јажиња во Кичево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Занаетот за рачна изработка на јажиња се чини ќе остане само сеќавање за старите генерации. Абдуљфета Зеќироски е единствениот и последен во Кичево кој рачно изработува јажиња за земјоделски потреби. Мичо, како што го викаат кичевци, секој ден заедно со семејството почнува со работа во 9 часот пред неговата куќа. Ова е рачна машина стара над 200 години и со неа Абдуљфета уште од рана возраст произведува јажиња за земјоделски потреби.

Тој на почеток занаетот го научил од мајка му, занает од кој, како што вели ја изградиле куќата и го одгледувале семејството.

Сега  никој не се интересира да го учи занает бидејќи нема доволно работа, нема голема заработка.

Освен јажиња за земјоделски потреби тој произведува и други предмети, како срма, мрежа, бродски јажиња, јажиња за дрва, коноп итн…Откако ќе ги подготви јажињата, Мичо излегува на пазар очекувајќи муштерии се до вечерта.