Сама и без услови за живот, без деца и семејство. Ова е 91 годишната Нафије Салиу која живее во Кичево. Нејзиниот сопруг починал пред неколку години, а и оставил куќа во градот и имот во селото Туин. На Нафије по смртта на сопругот во 2013 и се понудило едно семејство со изговор дека ќе се грижат за неа доколку таа им ја даде куќата и земјиштето кое го поседува. Среќна дека нема да го помине остатокот од животот сама и без грижа, прифатила да им даде се што поседува.
Но нештата добија друг правец бидејќи Нафије останала без куќа и без грижа бидејќи, како што вели таа, откако им го дала целото богатство за подобар живот, останала без куќа и без ветената грижа. Живее сама и во мизерни услови, а за нејзе се грижат неколку соседи.
„Куќата е моја, тој ми кажа дека ќе ми ја земе и ми ја зема. Му реков немој, ми рече што ти треба тебе. Ме оставија сама. Немам ни син, ни ќерка, ни сестра, ни брат, тројца браќа ми починаа, гледате дека сама сум“, вели Нафије Салиу.
91 годишната госпоѓа се чувствува измамена бидејќи лицето и го земале богатството, а не се грижат за неа како што ветил.
„Тој ме излажа, ми рече дека ќе се грижи за мене и јас се излажав, стара жена сум, мислев дека ќе живеам подобро. Ме лажеше додека потпишав, сирота јас“, посочи Нафије Салиу.
Таа вели дека нема ништо и се плаши дека ќе биде избркана од куќата и ќе остане на улица.
„Жената цело време ми велеше, ти немаш ништо, излези од овде, ја прашав каде да одам, ми кажа излези од тука. Немам каде да одам“, додава Нафије Салиу.
Татјана Силјаноска, која е адвокат на оштетената, вели дека лицето Б.С. кое и ветило на Нафије дека ќе се грижи за неа до крајот на нејзиниот живот и со тоа ја натерал да му ја препише куќата како подарок, на негово ја препишал куќата на 14 февруари 2013 на нотар. Следниот ден истото лице, ја исто така со нотарска заверка, куќата како подарок ја дал на неговиот брат.
„Првата жалба од наша страна е направена во 2017 година, кога соседите сфатиле дека куќата не е во нејзино име од 2013 година. Куќата ја земале со изговор дека ќе се грижат за неа до крајот на нејзиниот живот, но ја обврзале да потпише дека е подарок. Тоа се случило на 14 февруари 2013, а на 15 февруари лицето Б.С. кој му ја земал куќата и имотот во село Туин, куќата му ја дал на неговиот брат а имотот го задржал за себе. Нејзините жалби за да и се врати имотот биле отфрлани од кичевскиот суд во 2018 година“, вели Татјана Силјаноска.
Тв21 дозна дека земјиштето на Нафије во село Туин е огласено за продажба и дека има заинтересирани купувачи.
За овој случај е известен и Народниот правобранител во Кичево, Илбер Руфати, кој добил одговор од сите правни институции дека предметот е затворен. Вели дека со закон таа има право во Врховен суд да го отповика предметот.
„Испративме барање до Апелација во Гостивар, не известија дека предметот е затворен и е вратен во Основен суд Кичево. Од Основен суд Кичево не известија во писмена форма дека предметот е затворен во 2018 година. Странката е во многу тешка состојба, станува збор за доверба од страна на странката, но другата страна ги искористила сите законски можности и моментално имотот е во нивна полза“, додава Илбер Руфати.
Тв21 контактираше и со Основен суд Кичево од каде чекаме одговор. Поради коректност нашата екипа во текот на денот неколку пати се обиде да стапи во контакт со другата страна за која се тврди дека ја земале куќата и земјиштето, но без резултат.