Мерната станица за квалитет на воздухот поставена, од Министерство за животна средина и просторно планирање, кај Ректоратот денеска бележи рекордно загадување на воздухот.
Во моментов измерени се неверојатни 985 µg/m3, што значи 20 пати зголемување на ПМ10 честичките во воздухот од дозволеното ниво.

Засега не се знае точно на што се должи големото загадување на воздухот, односно дали можеби оваа мерна станица се соочува со некаков дефект.
Останатите мерни станици низ државата покажуваат бројки кои засега се во рамките на дозволеното, односно не се драстично повисоки од 50 µg/m3



