АА-ААА не исклучува Влада со ДУИ – ДУИ со 5 столба за преговори со албанските партии

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Коалицијата Алијанса/Алтернатива не ја исклучува можноста да седне на маса и да преговара и со ДУИ. Шефик Дураку од оваа коалиција вели дека имаат контакти со сите политички партии, но сепак признава дека влада со ДУИ ќе биде многу тешко.

„Што се однесува до вашето прашање дали ќе седнеме со ДУИ на маса за да разговараме, ние сме сериозна политичка партија, коалиција која освои голем број гласови, имаме 12 мандати и не смееме да се однесуваме неодговорно во овој случај. Ова значи да не исклучиме никого, контактите со сите политички партии беа и продолжуваат, нормално, нема ништо ново или ексклузивно што може да кажеме. Ние сме дел од процесот и продолжуваме да бидеме, што се однесува до формирањето влада тоа е работа на мандатарот, тој што ќе добие мандат сигурно ќе одлучи со кого ќе разговара“, истакна Шериф Дураку.

Од друга страна Бујар Османи од ДУИ ја поздрави оваа иницијатива и ги кажа 5 главни столба за преговори со албанските партии.

„Многу е важно да се согласиме за оваа албанска платформа во политичката трка која треба да биде постојана за албанската политика:

1.На изборите не се тркаме со повеќе од две листи. 2. Партијата која ќе добие глас повеќе зборува во име на Албанците во другите општини. 3. Партиите и пратениците кои имаат глас помалку, даваат поддршка на првата партија која за стратешките линии ќе зборуваат во името на сите пратеници Албанци,  а за дневно политички прашања ќе биде главен коректор. 4. Пратениците на партиите кои не победиле не водат разговори на страна за да ги ослабнат преговарачките позиции на победничката партија (како во 2006). 5. Можност за соработки во разни форми во интерес на граѓаните меѓу албанските политички партии“, истакна Бујар Османи.

За време на предизборната кампања ДУИ и коалицијата АА-ААА имаа силни разлики во однос на идејата за премиер Албанец, не за да се спротивстават на идејата туку за да подвлечат дека оваа идеја на ДУИ е само за да привлече повеќе гласови. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ги покани албанските партии на заедничка средба за да се координираат што по добивањето на 32 мандати од албанските политики партии.