Заменик претседателот на СДСМ и директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска вечерва во „10 Минути“ на ТВ21 одговори на изјавите дека Алијанса за Албанците е заинтересирана за директорката функција во УЈП.
„Амбициозни имало и ќе има, меѓутоа и шпекулации имало и ќе има“, вели Лукаревска.
Таа вели дека имале одличен преговарачки тим, а целиот процес на преговори се одвивал во најдобар ред.


