Изет Меџити од собир во Гостивар и испрати порака на АА и Арбен Таравари да се обединат на опозицискиот фронт, за да направат, како што рече, голема промена. Меџити истакна дека на членови на владата природно местото им е во опозицискиот фронт. На прашање на ТВ21 лидерот на АА, Арбен Таравари рече дека тој лично смета дека е време АА сама да оди на избори поради претходните горки искуства.
„Алијанса за Албанците, мое лично мислење, без сè уште да добие поддршка од партиските тела, мислам дека е време Алијанса за Албанците сериозно да размисли и самата да се кандидира на избори, бидејќи нашите искуства се горки. Во 2017 кога излеговме од Владата и немаше 60 пратеници Владата, Алтернатива влезе во Влада, после кога ги молевме Движење Беса во 2020 година, се сеќавам на истите маси, во ист локал, седеа ААА и Беса , бидејќи не можевме да ги седнеме заедно, одев од една на друга маса да ги убедам дека треба да излеземе со заеднички листи и ако излезевме во 2020 година со заеднички листи, заедно ќе имавме 16 или 17 пратеници и ДУИ денеска ќе беше историја, да не се случи, Беса реши да оди со СДСМ“, порача Арбен Таравари.
Таравари демантираше и дека АА ќе оди на избори заедно со ДУИ, во таканаречениот Европски фронт, па дури рече дека оваа тема се злоупотребува од високи функционери на ДУИ.
„Не сакам да се противам. Ја отвори оваа тема господинот Ахмети, но нема одобрение од АА. На крајот на денот треба да ги гледаме интересите на нашата партија, се разбира пред се интересите на граѓаните, но никогаш никому не сме ветиле. Гледам дека оваа тема ја злоупотребуваат и членовите и функционерите на ДУИ, како оваа работа да е завршена и дека АА ќе оди заедно со ДУИ на следните избори, сакам да демантирам и да се спротивставам. АА не донесе таква одлука“, додаде Арбен Таравари.
Инаку, во Опозицискиот фронт веќе имаше неколку средби меѓу Касами, Гаши и Меџити. Од друга страна, таканаречениот Европски фронт се смета дека е меѓу владејачките партии СДСМ, ДУИ, ДПА. Во меѓувреме, како што рече Таравари, АА се уште нема донесено одлука за ова.
