Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром во Словенија го претрпе четвртиот пораз овојпат од Крка со 72:68.

Одлично започнаа „металците“ уште во првите пет минути, после поените на Буниќ имаа водство од високи 1:9. После една загубена топка на Љубичиќ, казни на спротивната страна Лалиќ, но веднаш потоа се поправи нашот играч за 3:11 по пет минути на на паркетот на ШД „Леона Штукља“.

Се одржуваше разликата од четири-пет поени, Димец погоди едно од двете слободни фрлања, центарот Мијатовиќ се погрижи за плус шест (16:22), а позитивата стана и „двоцифрена“ после четирите поени во низа на Дреновац. Потоа, Луковиќ беше прецизен од далечина за 20:31. Домаќините намалија нешто од негативата, конечиот епилог по првото полувреме го постави Луковиќ (29:37).