Адеми: Потребна е трета опција, Албанец за премиер на нашата земја

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за образование и носител на ИЕ2 Арбр Адеми, на денешната прес конференција посочи дека време е за премиер Албанец, како и дека дошло време еднаквоста да биде цела и реална.

„Вчера бевме сведоци на неуспешна моноетничка средба во ексклузивниот македонски клуб, што е и главната причина зошто сакаме да го срушиме преостанатиот столб на резервираната моноетнизација на раководните позиции. Дури и едно дете кое синоќа ја видело средбата помеѓу Пендаровски, Заев и Мицкоски  се прашува зошто меѓу нив нема Албанец. Премиер Албанец не само што ќе биде модел за сите наши деца, туку и доказ дека тие се еднакви со нивните македонски сограѓани и сите други. Доказ дека можат да постигнат се во нивните животи без никакви етнички ограничувања. Премиер Албанец исто така ќе биде важен сигнал за македонските деца, за општеството како целина каде што ќе го смени менталитетот кај нас, ќе стави крај на моноетничкото  општество. Еднаквоста во нашата земја ќе стане целосна и опиплива не само за Македонците и Албанците, туку и за сите други етнички заедници“, изјави Адеми.

Тој додаде и дека ДУИ се подготвени за секој датум на изборите.