Административците не работеа 2 часа, бараат исплата на минимална плата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Административците и вработените во судовите денеска 2 часа не им ги даваа потребните услуги на граѓаните. Ги напуштија своите работни места и протестираа за нивните плати. Велат дека во последните 10 години не им е покачена платата на државните службеници согласно покачувањето на минималната плата. Затоа бараат да им се исплати минималната плата и линеарно покачување на другите плати за 2.806 денари.

Имаше и такви кои не можеа да ги напуштат своите работни места и да излезат на протестот поради притисоци, рече Трпе Дејаноски, претседател на Синдикатот на УПОЗ. Тој додаде дека и тие не работеле 2 часа.

Премиерот Димитар Ковачевски увери дека вработените во администрација кои не добиле зголемена минимална плата, разликата ќе ја добијат по усвојувањето на законските измени кои се во Собрание. Меѓутоа штрајкот ќе продолжи и утре во исто време, од 10 до 12 часот, а доколку Владата не реагира, ќе бидат преземени други чекори. Од синдикатите велат дека 95% од институциите не исплатиле минимална плата, а останатите 5% не ја почитуваат одлуката за минимална плата или исплатиле минималец но без вклучен стаж.