Администрацијата и техничкиот персонал во ГОБ „8 Септември“ на протест (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Администрацијата и техничкиот персонал во ГОБ „8 Септември“, денеска излезе на протест поради тоа што бараат да им се исплати еднократната помош од 30.000 денари, која беше исплатена на сите медицински работници кои работат со ковид пациенти.

Истакнаа и транспарент „И ние сме здравство“, и „Ние работиме во ковид болница“.

Тоа се 195 вработени. Исто така истакнаа дека 150 лица немаат решение за работа веќе повеќе од шест години.

Целото видео од протестот и изјава: