Аднан Азизи вели ќе има проширување на Вреди: Се водат разговори со 3-4 пратеници од опозицијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во емисијата „Дебат21“, Аднан Азизи изјави дека се водат интензивни разговори со 3–4 пратеници од Национална Алијанса за Интеграција (НАИ), кои, како што рече, ќе станат дел од ВЛЕН.

Азизи не откри имиња, но кажа дека процесот ќе се финализира бидејќи одредени пратеници се разочарани од политичките партии чиј дел се во моментов.

Азизи додаде дека по изборите во Гостивар и Врапчиште ќе има проширување на пратеничката група.

„Да, имаме разговори со пратеници кои се разочарани од нивните партии“, изјави Аднан Азизи.

– Пратеници од НАИ?

„Да, од НАИ. Верувам дека и со нив ќе го финализираме конкретниот чекор тие да станат дел од Владата, да ни се придружат. Точно е дека се водат интензивни разговори, дури и јас лично сум во контакт со неколку мои колеги. Тие не го оправдуваат ставот на своите партии и целата оваа нарација и однесување во политичкото дејствување“, изјави Азизи во „Debat21“.