Адвокат со церебрална парализа – Илиев: Општеството е полно со предрасуди

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Василчо Илиев  е роден со церебрална парализа, но неговата дијагноза не го спречила да се образува и да ја работи својата професија од соништата.

Во различни доба од животот, Василчо се соочувал со дискриминирачки препреки, но како што вели, лицата со посебни потреби треба да настојуваат на индивидуален развој и да се експонираат, за конечно да бидат прифатени од општеството. 

Проблемите и барањата на лицата со посебни потреби се исти со години. Животот на лицата со церебрална парализа не е лесен, ниту за нив самите, ниту за нивните родители, вели Бранимир Јовановски од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Македонија.

Јовановски меѓу проблемите го вброја и недостигот на личните и образовни асистенти. Инаку, во целиот свет има 17 милиони лица со церебрална парализа, од кои 55% со интелектуална попреченост, но во нашата земја нема евиденција дека има такви лица. Јовановски рече дека побарал во Пописот на населението да биде вметната и категорија на лица со посебни потреби со цел подобрување на нивните права, но како што рече, тоа не било спроведено.

6 Октомври, Светскиот ден на лица со церебрална парализа, беше одбележан во Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет со цел подигање на јавната свест околу проблемите со кои се соочува оваа категорија граѓани. Церебрална парализа не е болест, туку се дефинира како нарушување на мускулоскелетниот систем.