Адвокатот на Трамп: Останува во трка за претседател на САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Адвокатите на Доналд Трамп кажаа дека ништо нема да се промени во неговата кандидатура за уште еден претседателски мандат и покрај тоа што беше осуден во Њујорк.

За потсетување дека Трамп во четвртокот беше прогласен за виновен за фалсификување на досиеја за да ги прикрие нелегалните плаќања на поранешната порно актерка Сторми Даниелс за време на претседателската кампања во 2016 година.

Трамп стана првиот претседател на САД кој беше осуден за кривично дело, но кажа дека судењето е наместено и обвинителството е политички мотивирано.

Адвокатката на Трамп, Алина Хаба, во емисијата „Недела со Лора Куенсберг“ изјави дека поранешниот претседател е „жртва на политички и селективен прогон“. По седумнеделното судење во Кривичниот суд на Менхетен, Трамп беше прогласен за виновен по 34 точки од обвинението. Трамп ќе биде осуден на 11 јули. Сепак, тој потврди дека ќе поднесе жалба на своите кривични пресуди.

„Тој се кандидира за претседател, ништо нема да го промени тоа“, рече Хаба.