Аеродромот во Берлин ќе остане затворен во петок поради мразот, а не е познато кога ќе бидат повторно воспоставени полетувањата и слетувањата, објави германската новинска агенција ДПА, повикувајќи се на портпаролот на аеродромот.
Авиокомпаниите беа принудени да одложат или откажат летови откако снег и замрзнат дожд го зафатија аеродромскиот реон во четврток. Известување за патниците беше објавено на официјалната веб-страница на аеродромот.
„Поради временските услови, полетувањата и слетувањата во моментов не се можни“, се вели во соопштението.
