Вљубениците во авијацијата, но и во пејсажната архитектура добија нова атракција во вид на јавен простор кој настанал на место каде што некогаш имало аеродром.
Проектот кој е наречен „Сјухуи ранвеј парк“, настанал на пистата на некогашниот аеродром „Лонгхуа“ во ШАнгај.
Наместо целосно да ја избришат историјата на аеродромот кој што беше затворен во 2011 година, архитектонска фирма одлучила да го искористи како инспирација.
Елементи на оригиналниот простор се задржани од стариот аеродром, но преовладуваат патеки и зеленило, и еден голем парк.
„Тамуу каде што е можно, паркот ги интегрирал оригиналните бетонски писти за да се продолжи сеќавањето на ова место“, велат архитектите.
