Африка ја погоди силен земјотрес со јачина од 6,2 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди регионот на југозападна Африка, на 2.277 километри од Кејптаун во Република Јужна Африка, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот е регистриран во 7:36 часот наутро, на длабочина од десет километри.

Епицентарот на земјотресот е оддалечен 2.246 километри од Херманус во Јужна Африка.