Агелер: Нашата цел е безбедна, сигурна и демократска Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во интервју за ТВ21, амбасадорката Анџела Агелер зборуваше искрено и отворено за состојбите во земјата, нагласувајќи дека целта на САД е Македонија да биде „побезбедна, посилна и посигурна држава со стабилна демократија“.

Модераторот ја праша дали ваквите пораки значат дека земјата во моментов не е доволно безбедна, сигурна и демократска, по што Агелер одговори дека тоа не е поентата.

„Ако мислев дека не сте безбедни, ќе кажев дека ви треба безбедна држава. Македонија веќе е безбедна, затоа што е членка на НАТО. Но како и сите држави, може да биде подобра,“ рече таа.

Таа додаде дека секогаш има простор за напредок – од зајакнување на институциите до економски развој и поголем просперитет.

„Може да ја направиме државата побезбедна и попросперитетна со развивање на економијата.“, рече таа.