Во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 вечерва гостува лидерот на Демократска унија за интеграција, Али Ахмети.
На прашање на модераторот за тоа зошто токму сега ДУИ се насочува кон зелената агенда, лидерот на ДУИ, Али Ахмети одговори дека тие 19 години имале друга агенда.
„Видете, ние 19 години имавме друга агенда. Ние имавме сериозни предизвици барајќи ги нашите права како Албанци. Ние 19 години работевме за да се имплементира Рамковниот договор. Сега нормативниот дел на Рамковниот договор е завршен. Правичната застапеност беше наш приоритет. Генерално, се боревме за правата на Албанците. Наш приоритет беше зачленувањето на Македонија во НАТО. Тука имаме и ние сериозен придонес. Сега, можеме да се фокусираме кон проекти кои носат подобар живот не само за Албанците, туку за сите граѓани на Македонија“, посочи Ахмети.
Тој додава дека ДУИ е стабилна партија, која секогаш кога ветува истото го испорачува.
„Ние сме храбри, дејствуваме храбро. Граѓаните знаат дека ДУИ ветува и испорачува. ДУИ секогаш ги добива изборите. Сега, одиме сите заедно напред, очекуваме поддршка“, порача Ахмети.
Целото интервју ќе може да го погледнете вечерва од 21:30 часот на ТВ21 со превод на македонски јазик.
