“Ако ги изгубам изборите, си одам“ е одговорот на лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети упатен до лидерите на ВРЕДИ. Пораката ја испрати од партискиот собир во понеделникот вечерта во Куманово. Заедно со локалните избори, Ахмети побара да има и предвремени парламентарни избори.
„Овие наши кои отишле таму се слуги. Тие не можат да ги покренат овие прашања. Слушна дека Христијан им вели дека Али Ахмети ме чека долу…Затоа сум ги собрал лидерите на ЕФ и раководството на ДУИ и сега да ви кажам јасно дека овие не разбираат дека ние не сме заинтересирани за да влеземе во Влада. Но, што поскоро тие ја напуштаат владата, тоа ќе биде подобро за нив и нивните семејства. Бидејќи ова е срамота за Албанците. Историски гледано лошото ни дошло од сите и тоа не е добро. Не е добро! Слушнав дека бараат од мене на нотар да потпишам дека ако изгубам еден глас на изборите, да изјавам дека нема да бидам дел од Владата. Јас една четвртина декада им велам дека ако изгубам на избори ќе одам дома“, рече Ахмети.
Од коалицијата ВРЕДИ реагираа со соопштение. Велат “Куманово гори, Али се чешла“. Според ВРЕДИ, Интегративците прават спектакл на собирите, во недостиг на реформи внатре во партијата, како кадровски така и програмски.
„ДУИ го носи печатот на неуспех во Куманово. За повеќе од 20 години, Али Ахмети го користеше Куманово како пологон за неговите експерименти и за да ја зачува комоцијата на неговата фотелја. Каде беше ДУИ кога се случи случајот Сопот, за да ги заштити кумановци? Каде беше ДУИ кога гореше Диво Насеље? Печатот на ДУИ стои и на смртта на Реџаил Ќерими, каде и супер вештачењето докажа дека тој не е виновен за случајот Алфа.“, велат од ВРЕДИ.
Двете страни продолжија со меѓусебните обвинувања. Од ЕФ велат дека на последните парламентарни избори коалицијата ВРЕДИ влегла во влада без да го има мнозинството албански гласови. Од ВРЕДИ пак велат дека промената била неопходна поради лошото дводецениско владеење на ДУИ.