Ахмети и Рама се прегрнаа: Еди е посебен…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Албанскиот премиер Еди Рама и лидерот на ДУИ Али Ахмети, имаа средба пред панелот во рамките на „Преспа форум за дијалог“.

Ахмети сподели со јавноста фотографии на кои го прегрнува Рама.

„Еди е посебен, задоволство е да зборуваме отворено и братски за нашите заеднички работи. Му честитав за победата на парламентарните избори и како и секогаш го уверив дека имам брат и секогаш отворена врата за добра дебата“, напиша Ахмети на „Фејсбук“.

Потоа Рама, Ахмети и косовскиот премиер Курти, пиеја кафе пред панелот во Охрид.