Лидерот на ДУИ, Али Ахмети синоќа заедно со уште неколку министри отпатувал во Приштина каде остварил средба со премиерот на Косово, Албин Курти. Како што соопштуваат од ДУИ, тема на дискусија било и укинувањето на мерките за влез во Косово со трета доза вацина или две дози плус ПЦР тест.
Ограничувањето од страна на Косово важи до 4 февруари, но не се знае дали истото ќе продолжи или сосема ќе се укине, а разгледување на оваа мерка пред неколку недели побара и министерот за здравство Беким Сали. И граѓаните од Кукс во Албанијапротестираа на границата Албанија-Косово, во Морина, против оваа мерка. Со писмо до Курти се обратил и градоначалникот на Бујановац, Нагип Арифи во кое истакнал дека задолжителната трета доза вакцина го оневозможува движењето на граѓаните.
Првиот вицепремиер Артан Груби на неговиот профил на Фејсбук напиша дека средбата била службена, но тоа што остава впечаток е дека ниту премиерот на Косово, Курти, ниту неговите министри, средбата со Ахмети и министрите од ДУИ не ја објавиле на социјалните мрежи.
Спротивното се случува со нашите министри , тргнувајќи од Груби, Бектеши, Шаќири и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми кои средбата со владиниот кабинет на Косово и со Курти ја споделиле на Фејсбук.
