Ахмети: Кога ќе не видат вака, „аплаудираат“ само непријателите на Албанците Алфа, Телма, Мелма…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска држеше говор во Гостивар. Тој ги коментираше поделбите во партијата, и кажа дека овие поделби им служат само на непријателите на Албанците. 

„Кому му служиме со овие поделби што се прават? Се разбира на непријателите на Албанците, тие „аплаудираат“. Алфа, Телма, Мелма, тоа се тие. Што добија Албанците кои беа поделени во минатото, што? Не добија ништо“, рече Ахмети.