Ахмети: Коридорот 8 до 2024 ќе биде завршен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, гостува вечерва во живо во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговаравме и за изградбата на Коридорот 8.

Според него, овој коридор ќе биде завршен до 2024 година.

„Склучивме договор со една од најдобрите компании во светот, Бехтел Енка и тој Коридор 8 ќе биде завршен до 2024 година“, порача Ахмети.