Ахмети најави демонстрација на незадоволство – ги прашаа Вреди дали апетитот за власт ги натерал да згрешат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Тетово го свика генералниот совет на партијата. Членовите како по обичај за запишуваа при влез а претседателот ги поздравуваше еден по еден. На воведниот говор Ахмети соопшти дека средбата е свикана со цел да се издадат директиви за работата што треба да ја заврши ДУИ по изборите од 8 мај и актуелните политики…

Ахмети тврди дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не ја почитувал волјата на Албанците, затоа вели дека ќе го демонстрираат своето незадоволство.

„Ставот што го зазеде ВМРО, ние не ја оспоруваме нивната легитимност, ние оспоруваме и ќе го демонстрираме нашето незадоволство, нашиот револт. Со нивната неправедна одлука што не ја испочитуваа легитимноста добиена од ДУИ и Фронтот, како членови  со кои заедно ја направивме кампањата и заедно ја забележавме победата“, порача Али Ахмети.

Не кажа како ќе го демонстрираат незадоволството, но Ахмети рече дека одлуката на Мицкоски не продуцира етничка стабилност во државата.

„Изборот што го направи Мицкоски не е праведен ниту добар, тоа не е избор што продуцира етничка стабилност во државата бидејќи ние немаме комоција да креираме дневни политики. Ние немаме стабилни политики со соседите. Да не ја почитуваш волјата на мнозинството граѓани од втората најголема заедница, по автоматизам не помага за мирот, стабилноста и безбедноста но и евроатлантските процеси“, порача Али Ахмети.

Ахмети зборуваше и за коалицијата ВРЕДИ за кои рече дека апетитот за власт ги направил слуги на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не знам што се случи во т.н. опозицискиот кампус, бидејќи тие никогаш и не биле опозиција, 22 години беа во власта и вие сите го знаете тоа. Што ги натера да ја направат оваа грешка, тоа треба тие да кажат. Апетитот за власт, за комоција, или нешто друго“, вели Али Ахмети.

Инаку на 13 јули ДУИ ќе одржи уште една средба со сите структури на партијата се до подграноците, за да се дискутира за натамошните чекори.