Ахмети: Нека заборави Мицкоски, Кичево е наше!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски треба да заборави на Кичево, затоа што, како што вели, тој град е нивен.

„Добро е Мицкоски кога повикува на гласање во Кичево. Да беше сега тука друг политичар на мое место, ќе употребеше националистичка реторика, но јас вечерва нема да се занимавам со тоа. Ќе му пратам само една порака на Мицкоски: ‘Нека го заборави Кичево, Кичево е наше. Фатмир Дехари ќе биде нов градоначалник’“, порача Ахмети.