Ахмети: Отворен Балкан е добра иницијатива

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за РТВ21 Косово истакна дека „Отворен Балкан“ е добра иницијатива.

„Иницијативата за Отворен Балкан е една иницијатива со добра цел која не беше импонирана туку оваа идеја е на доброволна база, зависи од нивниот став и нивните политики и како ги замислуваат понатамошните процеси и ние ја поздравивме. Ние оценивме дека оваа иницијатива не е на штета на Република Северна Македонија, на нашите граѓани и земавме учество на сите средби, но кризата во Украина го забави малку овој процес и секако дека имаше и влијание“, вели Ахмети.