Ахмети се сретна со амбасадорката на САД Брнз

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, денеска оствари средба со амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз.

Ахмети и Брнз разговараа за неодамнешната одлука на претседателот Бајден, владеењето на правото, борбата против корупцијата, зелената агенда, евроинтеграциите и спорот со Бугарија.

Ахмети истакна дека Демократската Унија за Интеграција целосно ги поддржува одлуките на претседателот Бајден, кои вклучуваат отворена борба против корупцијата, владеењето на правото и кредибилни демократски институции.

Зелената агенда и инклузивноста и различноста се целосно во согласност со убедувањата на ДУИ.

Ахмети го образложи еколошкиот приоритет на ДУИ преку спроведување на зелената агенда во целосна корелација со американските и европските приоритети.

Во врска со спорот со Бугарија, Ахмети ја истакна потребата од поистакната американска и европска улога меѓу Скопје и Софија, како и неопходноста од одржувањето на реформскиот курс од страна на владата.

Соговорниците разговараа и за 20-годишнината од Охридскиот Рамковен Договор како успешно заедничко достигнување.