Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за ТВ21 ги коментираше состојбите во опозициската ВМРО-ДПМНЕ и даваше совети за лидерот на партијата.
ТВ21: Како ја оценувате работата на лидерот Мицкоски како лидер и каков совет би му дале?
Ахмети:„ Ако би му дал некој совет на г. Мицкоски, можеби лошо ќе му стојат работите во ВМРО-ДПМНЕ“.
ТВ21: Зошто?
Ахмети: Бидејќи лошо ме сфаќаат. Кај нас се вели ако некому „на здравје“ му викаш – „пукни“, ќе му се стори…
ТВ21: – Тогаш, кажете му на г. Мицкоски „на здравје“, а не „пукни“… И, каков совет би му дале?
Ахмети: „За државните интереси, Мицкоски како лидер на ВМРО ДПМНЕ треба да биде многу поактивен, треба да биде активно вклучен да се реши отворениот спор со Бугарија. Мицкоски, исто така треба да биде поактивен во реформите во правосудството, треба да биде погласен и аргументиран кога објавува злоупотреби на службената положба на актуелни функционери на власта, треба да има сериозни факти и да ги достави до Обвинителство и во истражните органи, а не да држи прес конференции без серозни аргументи. Не може да обвинува функционери на прес конференции, нека приложи факти во Обвинителство, ако обвинителство не реагира тогаш нека ги информира медиумите, нека знае јавноста. Ова важи и за албанската опозиција и за ВМРО-ДПМНЕ. Уморни сме од лажни вести“.
ТВ21: Вие, г. Ахмети како го гледате ВМРО-ДПМНЕ, дали е реформирана за разлика од она ВМРО на Груевски?
Ахмети: „Многу малку, немам чести средби со нив…“
Целото интервју со Ахмети со превод на македонски јазик, следете го на ТВ21 во 21:30 часот.