Гостувајќи во емисијата „Click Plus“ на РТВ21 во Приштина, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека најдоброто решение за земјата се предвремените избори, бидејќи, како што додаде, „треба да има нова клима и ситуацијата во земјата не смее дополнително да се влошува“, пишува ТВ21.
Ахмети рече дека предвремените избори не се очекува да се одржат оваа година, туку следната, и додаде дека се подготвени да учествуваат кога и да се одржат.
„Треба да се промени климата. Секако, мислам дека и македонската партија на мнозинството сфатила дека работите не одат добро. Треба да се внимава при изборот и да се почитува мнозинството Албанци, а најдоброто решение би биле предвремените избори. Ако се одржат утре, ние сме подготвени“, рече Али Ахмети.
