Артан Груби од ДУИ, вчера во Теарце изјави дека поддржувачите на ДУИ се поддржувачи на Ахметовскиот дух. Тој рече дека феноменот Ахметисти се студира од многу политиколози.
„Вие сте приврзаници, поддржувачи на Ахметовскиот дух. Ахметовскиот дух кој денеска се студира од политиколози, читате колумни секој ден од македонски и странски автори каков е Ахметовскиот феномен кој победува војни, мир, победи и на избори, за 42 години по ред. Ахметовскиот дух цело време бараше војна, се бореше за правда, слобода и еднаквост и кога војната дојде тие избраа мир“, вели Артан Груби.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во текот на неговиот говор рече дека сега е времето на модернизацијата и дека треба да им се даде предност на заслужните, а потсети дека про руските сили го плашат народот дека Македонија нема да постои како држава.
„Постојано, кога ДУИ делувала во важни процеси за затворање на историските спорови, излегле вакви сили за да ги исплашат луѓето и јас ги слушам Артан, дека ова држава нема да постои, ќе стане Голема Албанија, Голема Бугарија, овој ќе ја земе, тој ќе ја продаде. ДУИ ќе среди, СДСМ е во сенка. Дали се сеќавате, кога СДСМ беше во опозиција, велеше дека ДУИ е патерица на ВМРО-ДПМНЕ, сега спротивното се враќа“, вели Али Ахмети.
Во средбата во Тетово и под мотото Заедно за Европа, ДУИ ги заврши средбите во Тетово и околина.
