АХВ постапи по две нотификации за увезен небезбеден сусам од Индија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претреси кај две лица во Кавадарци, пронајдена дрога

На 03.03.2021 во 15.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од СВР Велес извршиле преглед над Д.Б.(21) од Кавадарци, при...

Вакцинирани 3 028 здравствени работници, 120 369 граѓани се пријавиле за вакцинација против Ковид-19

Вакцина против Ковид-19 заклучно со денеска примиле 3 028 здравствени работници, информираа за МИА од Министерството за здравство. Имунизацијата се...

Поведена постапка против уште еден учесник во протестите за „Монструм“

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор за едно лице за...

Обвинение за свирепо убиство при семејно насилство во Гостивар

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело „убиство“ според...

Во контејнер со банани пронајдени 100 килограми кокаин на пристаниште во Атина

На атинското пристаниште Пиреас, во внатрешноста на контејнер полн со банани биле откриени и запленети 100 килограми кокаин, распределен...

Како контакт точка за Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) има добиено три нотификации за увоз на небезбеден сусам по потекло од Индија, во кој е утврдено присуство на резидуи од пестицид – етилен оксид.

Од АХВ информираат дека е постапено по две нотификации, а за третата од јануари годинава постапката е во тек.

– По приемот првата нотификација во септември минатата година (23 септември 2020 година) инспекциските служби на Агенцијата презедоа мерки согласно законските надлежности. Извршена е вонредна инспекциска контрола кај увозникот. Небезбедниот производ во количина од 280 килограми е повлечен од промет и безбедно поништен на депонијата Дрисла, појаснуваат од Агенцијата.

Во вториот случај, при примената нотификација на 6 ноември лани, направена била контрола во магацините на увозникот на сусам за нашава земја и било утврдено дека небезбедните лотови од производот, наведени во нотификацијата, не се најдени во магацините.

– Агенцијата за храна и ветеринарство ја следи состојбата и спроведува континуирани контроли. Доколку се јави потреба, навремено ќе се реагира согласно законските надлежности, се вели во соопштението.