АХВ заплени и уништи приближно 37 тони храна со поминат рок на употреба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава, при спроведена вонредна  контрола кај оператор со храна, запленија и нештетно уништија приближно 37 тони храна, јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини, без декларации и на кои рокот на употреба им бил истечен од една до две години. За  сторениот прекршок на операторот, изречена му е мерка времена забрана  за работа и глоба, како и наредба за отстранување на утврдените недоследности со надзорот.

АХВ  неделава спроведе вонредни контроли и кај други оператори со храна – месарници, ресторани, сендвичарници, маркети, за што заради утврдени недоследности (нерегистрирани  оператори со храна,  неспроведени задолжителени обуки на вработените  за безбедност на храната, пуштање во промет на небезбедна храна и слично), на операторите со храна и на нивните одговорни лица им изрече парични казни, но и времени забрани за вршење на дејност. Издадени беа и наредби за отстранување на утврдените недостатоци со контролите, а затекнатата небезбедна храна беше нештетно уништенa.