Фатален напад: Ајкула во Мексико му одгриза глава на нуркач

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ГОЛЕМА бела ајкула со должина од 5,8 метри му одгриза од глава на нуркач во Мексико во првиот фатален напад на ајкула оваа година во областа, јавуваат американските медиуми.

Мануел Лопез нуркал за да собира мекотели во заливот Тобари кога бил нападнат и убиен пред очите на тамошните рибари.

„Тој нуркаше кога животното го нападна, му ја откина главата и го касна за двете рамења“, изјави Хозе Бернал за еден локален медиум, додавајќи дека нуркачите биле предупредени за ајкули, а многумина не нуркале.

Сепак, Лопез решил да продолжи затоа што требало да заработи за живот и се обидел да ја искористи зголемената побарувачка поради недостигот на морска храна.