Покачувањето на платите би предизвикало дополнителна инфлација, затоа решението треба да се избалансира меѓу барањето на синдикатите и она што го дозволува буџетот, изјави премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „360 Степени“, говорејќи околу најавите на синдикатите за пристапување кон генерален штрајк во образование поради ниските плати.
Ковачевски додава дека со или без штрајк, на крај синдикалците ќе треба да седнат на маса со Владата за да преговараат и изнајдат решение прифатливо за двете страни. Но, од друга страна, Јаким Неделков, од СОНК пред неколку дена во емисијата „Клик Плус“, истакна дека доколку не постигнат никаков договор со Влада, нема да отстапат од ставот за организирање генерален штрајк.
Освен секторот образование, со исти барања, штрајк најавија и полицајците. Од Конфедерацијата на слободни синдикати штрајкот го најавија пред неколку дена преку протест.