За многумина кафето е омилен напиток, и никако не можат да го почнат денот без барем една доза. Некои дури не можат да почнат и да работат без кафе.
Дека кафето е напиток кој го обожуваат многумина, покажало и едно истражување.
Повеќе од 1/4 од жителите во Светот, пијат повеќе од четири кафиња дневно, а 82% пијат барем две дози кафе во текот на денот.
Но, веројатно имате навика со кафето да изедете и неколку коцки чоколадо, или нешто благо. Нутриционистот Павел Исинбајев кажува дека тоа е штетна навика по организмот.
Истакнува дека кафето и благото се една од најлошите комбинации за организмот. Кога ќе престане ефектот на кофеин, доаѓа до нагло паѓање на енергијата и силата, а шеќерот придонесува за тоа.
