„Ако не верувате дека овој вирус убива, тогаш сè е залудно“, рече Османи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Сè е залудно доколку не се почитуваат мерките и граѓаните не веруваат дека овој вирус убива“, ваква порака вечерва упати Бујар Османи од студиото на ТВ21.

Тој осврнувајќи се на последниот раст на новозаболени лица со коронавирус вели дека граѓаните мора да ги почитуваат мерките и дека вирусот е тука постои и е опасен по здравјето на граѓаните.

Вирусот е најопасен за лицата со хронични болести и повозрасните лица.

За да се спречи ширењето на COVID-19:

  • Често мијте ги рацете. Користете сапун и вода или средство за чистење раце базирано на алкохол.
  • Одржувајте безбедно растојание од секој што кашла или кива.
  • Не допирајте ги очите, носот или устата.
  • Кога кашлате или кивате, покријте ги носот и устата со свиткан лакт или со марамче.
  • Останете дома ако не се чувствувате добро.
  • Ако имате треска, кашлица или тешкотии со дишењето, побарајте медицинска помош. Најавете се однапред.
  • Следете ги упатствата на локалните органи за здравство.