Секој е добродојден во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Вака кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 на прашањето дали би го примил Груевски во „Белата палата“, доколку би се вратил од Будимпешта.
„Зошто да не го примам, секој е добродојоден. И Димитар Ковачевски е добродојден, Али Ахмети доаѓал, сме имале неколку средби со него“, изјави Мицкоски.


