Актерот Симеон Мони Дамевски е избран за нов директор на ИФФК „Браќа Манаки“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Актерот Симеон Мони Дамевски на вчерашното свечено Собрание на ДФРМ, едногласно е избран за нов директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Според статутот на ДФРМ, мандатот на Мони Дамевски важи за следните две изданија на фестивалот.

Мони Дамевски ја презентираше предлог програмата на фестивалот и се заложи дека ќе работи на зачувување на реномето што го има овој интернационален фестивал на филмска камера, соопшти ДФРМ.