Активирани шифрите на Бајден за нуклеарниот куфер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еден од најважните детали за денот на инаугурацијата е предавањето на нуклеарниот куфер на новиот шеф на Белата куќа.

Голем дел од јавноста се прашуваше како ќе се изврши примопредавањето, имајќи предвид дека досегашниот претседател на САД Доналд Трамп веќе беше оддалечен илјадници километри од новиот претседател Џозеф Бајден.

Сепак, има неколку нуклеарни куфери и, спротивно на она што најмногу се пишува во јавноста, тоа не е нуклеарно копче, туку збир на кодови, објави телевизиската мрежа НБЦ.

Една актовка отпатува на Флорида со поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговиот пакет кодови истече во 11 часот, 59 минути и 59 секунди по локално време, а сетот кодови на Бајден беше активиран точно напладне (18 часа по наше време).

Резервниот нуклеарен куфер го поседуваше поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс и тој требаше да му го предаде на новиот потпретседател – Камали Харис.

“Џо Бајден го доби својот „бисквит“ (пластична картичка со шифри за нуклеарен напад) најверојатно пред инаугурацијата, како и потпретседателот Камала Харис, а потоа треба да бидат запознаени со постапката за започнување нуклеарен напад, пишуваат американските медиуми.

Вообичаено е нуклеарниот куфер, кој му служи на американскиот претседател, да лансира нуклеарни ракети во секое време, а го носи воен помошник, кој мора да биде со претседателот нон-стоп.