Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини се сретна со претставници на иницијативата Стоп Русино, претставници на политички партии на локално ниво во Гостивар и градоначалникот на Општината.
Нуредини ветил дека по 5 години Русино ќе биде излетничко место.
Според Нуредини треба да се формира претпријатие за менаџирање на депонијата Русино и потоа на таа депонија, отпад ќе фрлаат и општините од Полошкиот регион.
