Активни пет пожари во Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Состојба со пожарите за 05.07.2025 до 18:30 часот

На 05.07.2025 година до 18:30часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои:

Активни се 5 пожари:
Опш. Прилеп, с. Бешиште – приземен пожар во квалитетна мешана шума
Опш. Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки
Опш. Чашка – шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел)
Опш. Куманово, с. Романовце – пожар во ниска вегетација
Опш. Карбинци, с. Таринци – пожар во ниска вегетација и стрниште

Изгаснати се 17 пожари:

Опш. Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште
Опш. Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште
Опш. Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација
Опш. Арачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал
Опш. Берово, м.в. „Сливница“ – ниска вегетација
Опш. Кочани, с. Прибачево – ниска вегетација
Опш. Пробиштип – ниска вегетација
Опш. Прилеп, с. Канатларци – ѓубриште
Опш. Ресен, с. Грнчари – ниска вегетација
Опш. Шуто Оризари 1, с. Визбегово – депонија (ѓубриште)
Опш. Шуто Оризари 2, с. Визбегово – депонија (ѓубриште)
Опш. Ѓорче Петров, нас. Стопански Двор – ниска вегетација
Опш. Гази Баба, с. Јурумлери – ѓубриште
Опш. Ѓорче Петров, нас. Волково – ниска вегетација
Опш. Велес – ниска вегетација
Опш. Велес, с. Ново Село – ниска вегетација
Опш. Арачиново, с. Мојанци – ниска вегетација и грмушки.