Вчера попладнето и вечерта, полицајци од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спровеле акциска контрола на подрачјето на Штип, со цел санкционирање на возачи на мопеди, мотоцикли, четирицикли и електрични тротинети кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи – соопштија од МВР.
„При контролата изречени се вкупно 55 мерки за сторени сообраќајни прекршоци и кривични дела. Од нив, една мерка за измината важност на сообраќајната дозвола, една мерка за управување на моторно возило под дејство на алкохол, 35 мерки за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитен шлем (кацига), три мерки за неистакната регистарска таблица итн.“, се вели во соопштението
Откриени биле шест кривични дела, од кои еден сторител е малолетно лице, и истите се лишени од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување со моторно возило“, а бил одземен и еден мотоцикл за измината важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци. За сите сторители изготвени се соодветни поднесоци.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, порачуваат од МВР.
