Аквапаркот во Скопје останува затворен и ова лето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Аквапаркот, кој е дел од Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопјe, нема да работи ниту ова лето. Според директорот Даниел Апостоловски, објектот е во лоша состојба и треба целосно да се реновира, пишува СДК.мк

Апостоловски изјави дека за реконструкција на аквапаркот се потребни околу 1 милион евра, но во моментов нема финансиски средства за таква инвестиција. Тој нагласи дека фокусот на институцијата е на реновирање на базенот.

Паркот беше затворен од 2024 година. Според ревизорскиот извештај за спортскиот центар, одлуката за затворање е донесена поради недостаток на економска исплатливост и истекување на десетгодишниот гарантен рок за опремата. Во 2023 година, аквапаркот остварил приход од само 4,29 милиони денари, или 41 процент помалку од планираното.